Напаѓачот на Рома, Един Џеко од почетокот на трансфер пазарот со поврзува со преминување во Интер, но трансферот никако да се реализира.
Босанскиот голгетер има договор со „нероаѕурите“, но миланскиот клуб никако не може да најде заеднички јазик со „волчицата“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рома за неговата слобода бара 20 милиони евра, сума која Интер смета дека е превисока за играч кој влегува во последната година од договорот.
„Газета дело Спорт“ во денешното издание пишува дека Џеко не може повеќе да чека и му поставил ултиматум на раководството на Интер. Босанецот сака трансферот да биде завршен во рок од една недела, за да има време да се адаптира на новиот клуб до почетокот на сезоната.
Во спротивно Џеко потврдил дека ќе остане во Рома уште една сезона и следната сезона ќе го напушти „Олимпико“ како слободен агент.
https://youtu.be/yucK4vUbZ2k