Дома Фудбал Англија „Не можам да верувам дека Челзи го пушти Вилијан во Арсенал“

„Не можам да верувам дека Челзи го пушти Вилијан во Арсенал“

Легендата на Арсенал Пол Мерсон не може да верува како Челзи дозволил Вилијан кариерата да ја продолжи во Арсенал.

Вилијан импресионираше на премиерлигашкото деби за Арсенал против Фулам од 3:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Асистираше за двата гола и веднаш почна да покажува зошто Арсенал го доведе. Челзи му понуди на Вилијан продолжување на соработката, но условите не беа ниту приближно добри на оние кои му ги понуди Арсенал.

„Искрено не можам да верувам дека Челзи го пушти Вилијан да замине и тоа во големио ривал“, изјави Мерсон за англиските медиуми.

Френк Лампард доведе засилувања кои имаат потенцијал да го заменат Бразилецот, пред се талентираниот Германец Хаверц, но Мерсон тврди дека тоа не е гаранција дека тој ќе биде успешен како Вилијан.

„Знам дека потрошија многу пари на квалитетни засилувања, ми се допаѓаат тие играчи, но прашање е дали ќе се вклопат. Од друга страна Вилијан е спремен“, додаде Мерсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мареска со прво обраќање по отказот од Челси

Енцо Мареска, кој беше отпуштен од Челси на првиот ден од 2026 година, за првпат официјалн…