Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Нејмар е исправен пред најважната одлука во својот живот, тврди „Мундо Депортиво“.
Весникот овјавува дека Нејмар ќе треба да направи голема финансиска „жртва“ од околу 30 милиони евра, доколку сака да се врати на „Камп Ноу“.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Во моментов Бразилецот во Париз заработува 51 милион евра по сезона, притоа добива и големи бонуси од „Катар Национал Банка“, која е еден од главните спонзори на клубот.
Во Барселона Нејмар ќе треба да прифати годишна плата од 20 милиони евра, која со бонуси ќе достигнува до 30 милиони евра.
Нејмар силно сака да се врати во Барселона, а ова лето е неговата последна шанса да се врати на „Камп Ноу“, па треба да донесе тешка одлука.