Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Нејмар: Не знам дали ќе продолжам да играм за Бразил

Нејмар: Не знам дали ќе продолжам да играм за Бразил

Бразил вчера беше на чекор до полуфинале на Светското првенство (СП) во Катар, но налета на незгодните Хрвати кои на пенали го елиминираа поранешниот светски шампион.

Нејмар го постигна единствениот гол за Бразил во продолженијата, кога одлично ги изигра Хрватите и ја затресе мрежата на Ливаковиќ, но радоста не траеше долго бидејќи „коцкесттие“ преку Петковиќ израмнија на 1-1 во финишот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Бразилецот е разочаран по поразот на неговата татковина, па кажа дека би можел да ја напушти репрезентацијата.

„Не знам дали ќе продолжам во репрезентацијата. Има многу работи за кои морам да размислам. Не сакам да зборувам за тоа додека сум под влијание на емоции.

Сакам да имам доволно време за да донесам конечна одлука“, кажа Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …