Дома Фудбал Нејмар купил земјиште за 24 милиони евра и така го открил својот следен клуб?

Нејмар купил земјиште за 24 милиони евра и така го открил својот следен клуб?

Бразилскиот фудбалер Нејмар (32) неодамна му се врати на фудбалот откако речиси една година паузираше поради повреда.

Не само што Нејмар се врати на терените, туку и на насловните страници и на бразилските и на светските медиуми. Овој пат тој го зазеде своето место на нив со својата најнова инвестиција.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Имено, Бразилецот купил земјиште во Бал Харбор, во близина на Мајами Бич на Флорида. Нејмар за таа земја платил дури 24 милиони евра, со поглед кон морето и сопствено пристаниште за чамци.

Волстрит журнал, кој меѓу првите ја објави оваа вест, наведува дека Бразилецот бил привлечен од приватноста и безбедноста на затворената заедница каде што се наоѓа земјиштето.

Овој потег веднаш ги поттикна шпекулациите дека Нејмар наскоро би можел да планира живот во Мајами за да им се придружи на Лионел Меси и Луис Суарез во Интер Мајами, МЛС клубот во сопственост на Дејвид Бекам.

Откако потпиша за Ал-Хилал во август 2023 година, тој одигра само шест натпревари и за тоа време заработи повеќе од 160 милиони евра од Саудијците, а сега се повеќе се шпекулира дека се подготвува за преселба во Мајами.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси и Арсенал во борба за талентиран фудбалер вреден 70 милиони евра

Во летниот преоден рок, Челси и Арсенал активно ја следат ситуацијата околу холандскиот та…