Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Нејмар го нападна поранешниот агент поради Тите

Нејмар го нападна поранешниот агент поради Тите

Бразил вчера беше елиминиран од Мундијалот од репрезентацијата на Хрватска, а по натпреварот селекторот Тите потврди дека си заминува од клупата.

Заминувањето на Тите немаше врска со испаѓањето на Бразилците затоа што пред Мундијалот тој најави дека ќе се повлече без разлика каков ќе биде резултатот. Поради елиминацијата на Бразил следуваа критики за Тите. Еден од критичарите беше и Вагнер Рибеиро, поранешен агент на Нејмар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Овој човек никогаш не бил фудбалски тренер. Ги лаже луѓето цело време и направи да загубиме две светски титули“, порача Вагнер на социјалните мрежи.

Неговиот коментар предизвика револт кај Нејмар.

„Вагнер, немој да зборуваш глупости“, одговори фудбалерот на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…