Италијанскиот напаѓач, Андреа Белоти, прикажуваше фантастични настапи во изминатата сезона.
Белоти во сезоната која заврши беше најдобар стрелец во Серија А, а веднаш после завршувањето на сезоната до Торино стигнаа неколку понуди. Италијанскиот клуб на почетокот на годината потпиша нов договор со Белоти според кој неговата откупна клазула изнесува дури 100 милиони евра.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Познато е дека најголем интерес за овој фудбалер покажа ПСЖ, но францускиот клуб не сакаше да плати толкава сума за Белоти. Меѓутоа, тоа веројатно беше знак за Милан кој тргна по потписот на овој напаѓач. Откако го доведоа Андреа Силва од Порто, управата на „росонерите“ сака да го види и Белоти на „Сан Сиро“.
Италијанските медиуми објавија дека Белоти денес допатувал во Милано на состанок со управата на клубот. Милан не е спремен да ја плати неговата откупна клазула, но се недева дека ќе издејствува Торино да ја намалу сумата.