Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Неста и Тоти заедно со музичките ѕвезди Бочели, Боно и Мартин Гарикс ќе го отворат Европското првенство

Неста и Тоти заедно со музичките ѕвезди Бочели, Боно и Мартин Гарикс ќе го отворат Европското првенство

Вечерва со натпреварот помеѓу Италија и Турција во Рим официјално ќе стартува Европското првенство во фудбал.

На „Олимпико“ е најавена церемонијата на отварањето со светски познати музички ѕвезди. На отварањето ќе се појават Андреа Бочели, Боно, Мартин Гарикс и Еџ. Програмата ќе го носи името „Триумф на Европското првенство“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бочели ќе ја испее аријата од Џакомо Пучини, „Несун Дорма“, а поранешните капитени на Рома и Лацио, Франческо Тоти и Алесандро Неста ќе шутираат топки на трибините симболично да го означат враќањето на навивачите. На трибините се предвидени 16.000 гледачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…