Дома Фудбал Останато Неправдата кон Левандовски никогаш нема да биде исправена

Неправдата кон Левандовски никогаш нема да биде исправена

Роберт Левандовски нема да ја добие Златната топка за 2020 година, потврди директорот на таа наградата Николас Манисиер.

За потсетување, наградата не беше доделена во 2020 година поради пандемијата на коронавирус и покрај тоа што се одигра потребниот број натпревари.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Левандовски тогаш беше играч на Баерн и играше во одлична форма и го предводеше Баерн до тројната круна. На 47 натпревари постигна 55 гола и асистираше на уште десет. Со 34 гола во 31 натпревар беше водечки стрелец во Бундеслигата, додека во Лигата на шампионите постигна 15, а во Купот на Германија пет пати се запиша во листата на стрелци.

Фактот што наградата не беше доделена во 2020 година, многумина го сметаа за неправда направена кон Левандовски. Тоа го спомна и Лионел Меси кога една година подоцна ја доби наградата. Шансите Левандовски сега да биде награден со „Златната топка“ за она што го направи во шампионската сезона, Манисиер сепак ги отфрли.

„Не размислуваме да му ја доделиме наградата на Роберт Левандовски за 2020 година. Како институција имаме свои правила и строго се придржуваме до нив“, кратко порача тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фонсека им даде интересно ветување на новинарите🎥

Паоло Фонсека денеска одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар во Лигата на шампио…