Дома Фудбал Италија Нема подобар старт на сезоната: Пандев со Џенова гостува на „Меаца“ против Интер

Нема подобар старт на сезоната: Пандев со Џенова гостува на „Меаца“ против Интер

Денеска започнува новата сезона во Серија А, а во првиот натпревар од првото коло Џенова од 18.30 часот Џенова му гостува на актуелниот шампион Интер.

Македонскиот фудбалер Горан Пандев кој го продолжи договорот на уште една година со Џенова, уште еднаш ќе се врати на „Џузепе Меаца“ каде што ги доживеа најголемите успеси на клупски план во Италија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со Интер во 2010 година ја освои титулата во Лигата на шампионите, двапати Купот на Италија, а по еднаш и Серија А, Суперкупот на Италија и Светското клупско првенство.

Навивачите на миланскиот клуб не го забораваат „Гранде“ Пандев за сиот придонес кој го имаше во периодот од 2009-2012 година, па сигурно се очекува и во текот на денешниот ден тие повторно да го поздрават.

Покрај овој дуел, во истиот термин од 18.30 часот Верона е домаќин на Сасуоло, Емполи ќе го пречека Лацио, а Торино се соочува со Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …