Дома Останати Авто Мото Нема повеќе дилеми: Рајконен донесе одлука каде продолжува

Нема повеќе дилеми: Рајконен донесе одлука каде продолжува

Возачот на Ферари, Кими Рајконен го продолжи договорот на уште една година и следната сезона ќе настапува за истата екипа во Ф1 шампионатот, соопшти денес.

Рајконен во 2007. година од Мекларен пристигна во Ферари и во правата година ја освои шампионската титула.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


По две години премина во Лотус, но во италијанскиот тим се врати во 2014. година.

Рајконен не победи во трка од Ф1 откако се врати во Ферари.

Во досегашниот дек на шампионатот, Финецот го зазема петтото место со 86 бодови заостанување зад клупскиот колега Себастијан Фетел, кој ја предводи листата во генералниот пласман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Официјално: Од 2026 година ќе гледаме нов тим во Формула 1

Tимот на Кадилак од 2026 година ќе стане 11. член на Формула 1 откако Џенерал Моторс, мати…