Дома Фудбал „Нема да ги менуваме правилата за Барселона да може да го врати Меси“

„Нема да ги менуваме правилата за Барселона да може да го врати Меси“

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас оцени дека Барселона моментално не е финансиски способна да го врати Лионел Меси, но додаде дека се надева дека ситуацијата ќе се промени.

„Во моментов Барселона не може да го регистрира Меси, но има уште време“, изјави Тебас на прес-конференција, додавајќи дека се чека „план за изводливост од Барселона“.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Претседателот на Ла Лига изрази „надеж“ дека каталонскиот клуб ќе успее да ја врати аргентинската ѕвезда, чиј договор со Пари Сен Жермен истекува во јуни.

„Нема да ги менуваме правилата за финансиска контрола одобрени од клубовите, за да може Барса да го регистрира Меси, дури и ако нашата желба е тој да се врати во нашиот шампионат“, изјави Тебас.

Меси ја напушти Барселона во летото 2021 година, преминувајќи во ПСЖ. Меси на 69 натпревари постигна 31 гол, но не успеа да стане идол во Париз, особено поради неуспехот на парискиот клуб во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…