Дома Трансфер зона Нема веќе нервози за навивачите на Барселона: Легендата останува!

Нема веќе нервози за навивачите на Барселона: Легендата останува!

Како што пренесува шпански „Спорт“, еден од најискусните дефинитивно нема да ја менува средината наскоро.

Се загрижија навивачите на Барселона дека би можеле да останат без легендата на клубот, Андрес Иниеста.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На искусниот Шпанец договорот му истекува во јуни следната година, а самиот Иниеста потврди дека со управата на клубот околу продолжувањето на соработката не постои.

Голем број на екипи ширум Европа со широко отворени раце би го дочекале Иниеста во своите редови, а меѓу првите се јави италијански Јувентус.

Сепак навивачите на Барса не мораат да се грижат, откако таткото на Иниеста изјави дека неговиот син наскоро нема намера да го напушти „Камп Ноу“.

„Го познавам својот син и тој никогаш нема да каже ништо освен вистина, но ве уверувам дека Андрес никогаш нема да носи друг дрес освен оној на Барселона и никогаш нема да се натпреварува против Барса. Верувам дека може да игра важна улога во каталонскиот тим во следните две, три, четири години“, истакна Хозе Антонио Иниеста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

УЕФА не дозволува Сити и Џирона заедно да играат во ЛШ

 Манчестер Сити и шпанската Џирона можеби нема да играат во Лигата на шампионите, за која …