Дома Фудбал Англија Немања Матиќ поласкан од новиот договор со Јунајтед

Немања Матиќ поласкан од новиот договор со Јунајтед

Репрезентативецот на Србија, Немања Матиќ ќе го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед.

Иако до пред неколку месеци на големо се зборуваше дека ќе ги напушти редовите на тимот од Олд Трафорд, Матиќ и во иднина ќе го носи дресот на Црвените ѓаволи и ќе ја продолжи соработката на уште две години.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според англиските медиуми, Матиќ добро ќе го наплати новиот двегодишен договор. Јунајтед ќе му ја зголеми платата од 120.000 на 140.000 фунти неделно, што значи дека Немања на годишно ниво ќе заработува 17 милиони фунти.

Матиќ е член на великанот од Олд Трафорд од 2017. година, а претходно играше уште за Челси, Бенфика, Витесе и Кошице.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Големото промашување на Јувентус пред враќање во Премиер лигата

Нотингем Форест активно работи на засилување на тимот за претстојната сезона. Клубот преди…