Гонзало Игуаин ова лето се врати во Јувентус после турбулентната сезона која ја помина на позајмица во два клуба.
Минатото лето откако Роналдо пристигна во Јувентус, Аргентинецот беше „вишок“ и се пресели на позајмица во Милан со право на откуп.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Игуаин во Милан помина се на се шест месеци, а на почетокот на оваа година отиде во Челзи на позајмица до крајот на сезоната. Ни во Челзи не му одеше најдобро и се врати во Јува каде оваа сезона има солидна минутажа под водство на Сари.
Аргентинецот требаше да биде огромно засилување за Милан, но се вклупи во „сивилото“ и го напушти клубот после само шест месеци.
Денес италијанските медиуми објавија дека Игуаин за тие шест месеци ги чинел „росонерите“ 10,28 милиони евра.
Во таа сума е вклучена позајмицата и платата на Игуаин која ја добиваше во Милан за шест месеци.