Дома Останати Кошарка Незапирливиот Дончиќ го предводеше Далас до победа, славеа и Детроит и Атланта

Незапирливиот Дончиќ го предводеше Далас до победа, славеа и Детроит и Атланта

Кошаркарите на Далас Маверикс ја постигнаа четвртата победа во новата сезона во НБА. Ноќта од недела кон понеделник тие пред своите гледачи го совладаа Орландо Меџик со 108:85.

Клучни за победата на Далас се покажаа минутите од крајот на првата четвртина до крајот на втората, кога домашните од 17:20 стигнаа до 60:31, а Дончиќ беше фантастичен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Словенецот во првото полувреме постигна 25 поени, а до крајот на натпреварот за нешто повеќе од 31 одиграна минута имаше 32 поени, девет скока и седум асистенции.

Даниел Гафорд додаде 18 поени со осум скока, а Кајри Ирвинг постигна 17 поени. Орландо настапи без својот најдобар играч Паоло Банчер, а најдобар играч беше Франц Вагнер со 13 поени, шест скока и шест асистенции.

Детроит Пистонс ја забележаа втората победа сезонава откако го совладаа Бруклин Нетс со 106:92. Секој играч од првата петорка на Детроит постигна двоцифрен број поени, додека Малик Бисли додаде 18 од клупата за резерви.

Најдобар играч на Бруклин кој и натаму е без Бојан Богдановиќ беше Камерон Џонсон со 26 поени.

Победа славеше и Атланта. Одигра одлично второ полувреме, направи +17 во однос на противникот, и на крајот го победи Њу Орлеанс со 126:111. Одлична партија кај Атланта имаше Џејлен Џонсон, кој постигна 29 поени и имаше осум асистенции и девет скока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Страшниот Јокиќ повторно со историска партија му обезбеди 10. победа по ред на Денвер (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс постигнаа и десетта последователна победа во НБА лигата, првп…