Интер сезоната ја започна над сите очекувања и после 11 кола го има најдобриот старт во својата историја. Сега апетитите пораснаа, па се почесто се слуша зборот Скудето на „Џеземе Меаца“.
Во сино-црниот дел од Милано владее незапаметена еуфорија, па сигурно неверојатно звучи податокот дека повеќе од 70.000 луѓе ќе бидат на стадион во недела на мечот против Торино.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Тимот под водство на Спалети доби победнички менталитет, победува и кога не игра добро, а раководството сака да донесе нови засилувања во јануари со цел Интер до крајот да се бори за Скудетото.
Приоритет е доведување на квалитетен дефанзивец кој може да биде алтернатива за Скриниар и Миранда. Медиумите во Италија тврдат дека „нероаѕурите“ сакаат да го донесат Мангала, кој не добива минутажа во Манчестер Сити.
Најголемото засилување треба да пристигне во среднот ред. Најголема желба е Хавиер Пасторе, според многумина клучно засилување за титулата. Аргентинецот не добива голема минутажа во Париз и е спремен да се врати во Серија А, а Интер ќе направи се за да го донесе на „Џезепе Меаца“.
Добрите резилтати се одразија и на навивачите, па Интер има просек од 60.000 луѓе на домашните натпревари, што е најмногу во Серија А.