Aрсен Венгер минатото лето одби 65 милиони евра од Манчестер Сити за Алексис Санчез (29).
Договорот на Санчез истекува минатото лето и може да замине како слободен фудбалер, но Арсенал наводно со задоволство сега би го продал Санчез во јануари за помала сума. Причината е јасна, би добиле некое евро за одличниот Чилеанец, но англиските медиуми пишуваат и дека има незадоволство помеѓу фудбалерите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, однесувањето на Санчез на тренинзите наводно ги иритирало неговите соиграчи кои посебно биле лути на него после ремито со Саутемптон (1:1). Чилеанецот на тој натпревар изгледаше целосно незаинтересирано и отсутно, па Венгер сака мир во соблекувалната до крајот на сезоната со цел да се избори место во Лигата на шампионите. Наводно, некои фудбалери и му приговориле на Венгер што не го продал кога имал прилика.
Сега во медиумите се наведува дека Венгер би го продал Санчез и за 40 милиони евра, а пред крајот на преодниот рок веројатно би се согласил и на помала сума.