Жозе Мурињо и Икер Касиљас своевремено соработуваа во Реал Мадрид, но тогаш се отиде во една поинаква насока.
Се почна да оди надолу во третата сезона на Мурињо на клупата, кога во една прилика одлучи да го остави Касиљас на клупата, а шанса да му даде на Антонио Адан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тогаш Мурињо изјави дека Адан е подобар голман од Касиљас, а нивната „војна“ не заврши ниту до ден денес.
По неколку години пауза повторно Мурињо и Касиљас го разгорија огнот. Голманот на Порто во своето последно интервју не го поштеди Мурињо, а „Специјалниот“ возврати.
Сега Мурињо повторно се сети на Касиљас и тоа тоа помалку неочекувано. По прашањето на новинарот на прес конференцијата пред мечот на Јунајтед со Крситал Палас за критиките на шпанските медиуми на сметка на голманот на Јунајтед, Давид Де Геа, по неговите настапу во дресот на „Црвената фурија“.
„Де Геа“ е мета на критика во Шпанија, како тој ментално се носи со тоа?, праша еден од новинарите, а Мурињо во свој стил одговори/: „Но, зошто критики во Шпанија? Дали знаете? Јас знам. Затоа што постои некој многу моќен кој размислува за тоа повторно да скокне, но мислам дека е тешко кога пред себе го имате најдобриот голман на светот… Да, да – некој моќен сака да скокне наместо Де Геа во екипата“.
Новинарите ги интересираше дали тој „моќник“ има влијание на селекторот на Шпанија, Луис Енрике.
„Нем не на селекторот. Селекторот го познавам добро и добри пријатели сме, но медиумите… Дали тој моќник играше за Реал Мадрид: Да“, порача на крајот од уште една интересна прес конференција Жозе Мурињо и беше јасно на кого мисли.
Respect respect respect pic.twitter.com/RcUQARUARz
— jon (@DeGea1i) November 24, 2018