Дома Фудбал Лига на шампиони Недвед по ждребот: Ќе гледаме два одлични натпревари, Реал ме импресионираше во Париз

Недвед по ждребот: Ќе гледаме два одлични натпревари, Реал ме импресионираше во Париз

Јувентус во ждребот за ¼ финалето во Лигата на шампиони не помина баш најдобро и го доби Реал Мадрид.

Легендата на овој клуб и еден од сегашните директори, Павел Недвед смета дека ова ќе биде судир во кој ќе гледаме два одлични натпревари и според него навистина е тешко да се прогнозира кој ќе оди во полуфиналето.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Ќе гледаме два добри натпревари. Знаеме дека ќе се соочиме со тежок противник. Реал ме импресионираше во Париз. Но, нашата цел е да излеземе на терен и да ја играме нашата игра“, изјави Недевд

Недвед потоа беше запрашан за минатогодишното финале.

„Постојат два нови натпревари, не мислам дека тој натпревар може да влијае на нашата психа. Првиот натпревар го играме на домашен терен. Бенатија и Пјаниќ се суспендиран, но сепак стартуваме одново со 0:0“, одговори Недвед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вардар со гол од пенал во 97. минута ја урна храбрата Брера (Видео)

Фудбалерите на Брера, одиграа одличен натпревар на гости кај Вардар во Скопје, но на крајо…