Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед Гери Невил се потсети на дуелот со Реал Мадрид и Кристиано Роналдо од 2015 година кога од клупата ја водеше Валенсија.
Во Валенсија имале посебен план како да му ја отежнат работата на Роналдо. Клучот бил во тревата.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Се сеќавам дека нашата тактика беше да не ја косиме тревата. Теренот беше како да е во некое село. Натпреварот заврши 2:2, Роналдо не постигна гол“, откри Невил.
Роналдо и се пожалил на ситуацијата на теренот.
„Кристиано ми кажа дека мораме да ја искосиме тревата и дека е невоможно он тука да дрибла. Секако, немаше шанси тоа да го направиме. Знам како тоа оди, сакавме тоа да влезе во нивните глави и на крај успеавме во тоа“, изјави Невил.