Додека во поголемиот дел првенствата, посебно оние најсилните борбата за шампионската титула е завршена вистинска драма се одвива во завршницата на турското првенство.
Турската прва лига и дефинитивно оваа сезона е најинтересната. Имено во последното коло кое се игра во викендот кој е пред нас, дури три клуба можат да ја освојат шампионската титула.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Цела пролет мртва трка водеа четири екипи, поредокот на врвот неколку пати се менуваше, а на едно коло пред крајот од трката за титулата отпадна само Бешикташ.
Во последните 90 минути од првенството не очекува вистинска драма, бидејќи освен титулата во игра е пласманот и во Лигата на шампионите.
Најлудо сценарио за крај на сезоната вчера обезбеди Фенербахче со победата од 7:0 на гостински терен против Карабукспор. Токму толку погодоци на Фенер му беа потребни за да ја изедначи гол разликата со најголемиот ривал Галатасарај кој во овој момент е лидер со 72 бода.
Fernandao did this a little earlier taking his season tally to 14 & keeping Fenerbahçe in the title race ⚽️ pic.twitter.com/7205ei0QLP
— Turkish Football (@Turkish_Futbol1) May 14, 2018
Фенербахче се наоѓа на втората позизија со три бода помалку колку што има и Башакешир на третата позиција, Бешикташ е четврти со 68 освоени бодови.
Треба да се истакне дека кога два клуба имаат ист број на бодови во турското првенство, прво се гледа меѓусебниот дуел, потоа гол-разликата, а на крајот и бројот на постигнати погодоци.
Како што веќе споменавме Фенербахче со вчерашните 7:0 стигна до гол-разлика од +41 токму онолку колку што има и Галатасарај. Нивните две дерби средби завршија со резултат 0:0 и во случај на ист број на бодови ќе одлучува гол разликата.
#TFF has announced schedule for #SuperLeague 34th week games. pic.twitter.com/dN7MMu5t64
— TurkishFootballNews (@TRFootballUpdat) May 14, 2018