Дома Актуелно Неверојатно: Французите пресметаа колку летови направил авионот на Месии за три месеци

Неверојатно: Французите пресметаа колку летови направил авионот на Месии за три месеци

Aргентинската ѕвезда Лионел Меси пред 13 месеци одлучи да ја напушти Барселона која не можеше да му го исполни финансискиот договор поради финансиската криза. Следна станица на Аргентинецот беше Париз и ПСЖ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меси е познат по тоа што често патува со авион. Секој слободен момент тој го користи да ја посети Аргентина или Барселона, каде што се уште има многу пријатели.

Францускиот „Л’Екип“ дојде до една неверојатна иформација дека од 1. јуни до 31. август приватниот авион на аргентинската ѕвезда направил неверојатни 52 летови. 30 од нив биле интерконтинентални, а 14 преку Атлантикот.

За да одат чекор подалеку новинарите на „Л’Eкип“ пресметале колку авионот на Меси во тие три месеци испуштил штетни честици.

„Се проценува дека авионот на Меси испуштил повеќе штетни честици отколку што еден просечен француски граѓанин би направил за 150 години“, тврди овој медиум.

Навистина неверојатно истражување на „Л’Eкип“ кое секако е интересно. Инаку, Лионел Меси сезонава конечно повторно игра врвен фудбал и на 11 настапи во Париз запиша шест голови и осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Тони Крос: Навивачи на Реал, денес заминува еден од најголемите

ПОСЛЕ две години откако Тони Крос (36) се збогуваше од Реал Мадрид, денес клубот го напушт…