Дома Фудбал Англија Неверојатно: Се беше договорено, но Баркли избега од лекарски прегледи!

Неверојатно: Се беше договорено, но Баркли избега од лекарски прегледи!

Рос Баркли има договор со Евертон уште една година, но тој веќе некое време сака да ги напушти „Карамелите“, па одби да потпише нов договор.

Се шпекулира дека токму поради тоа, тренерот Роналд Куман го „пречкртал“ и дека за него нема место во екипата од „Гудисон Парк“. Сепак, кога дојде на само чекор од толку посакуваниот трансфер, Баркли необјасниво се откажал.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Имено, иако првата понуда на Челзи во висина од 23 милиони фунти беше одбиеа, Челзи и Евертон во последниот ден од трансфер периодот, сепак, го договориле трансферот. Челзи се согласил да плати 30 милиони фунти на Евертон за Баркли, а играчот за врска вчера се упатил на лекарски прегледи во клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Меѓутоа, според пишувањата на „Sky Sports“, 23-годишниот Баркли прегледите, едностано, ги напуштил. Не е позната причината за ваквата постапка, но она што е јасно е дека неговиот трансфер во Челзи пропаднал во поселдниот момент.

Баркли вчера се поврзуваше и со трансфер во Тотенхем, но ниту од тоа немаше ништо, па сега и навивачите на Евертон се збунети. Баркли цело лето сакаше да го напушти клубот, па сега на никого не му е јасно зошто се откажа од трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рајс до селекторот на Словачка: Замолчи ку*во една!

Aнглиската репрезентација се пласираше во четврфиналето на Европското првенство откако во …