Шпанските медиуми пренесуваат неверојатна вест. Дваесет клубови се обиделе да го донесат играчот на Реал Мадрид ова лето, но Зидан кажал НЕ.
Ова лето Зинедин Зидан донесе одлука да не го менува својот тим, освен приклучување на неколку млади фудбалери, како Тео Хернандез и Дани Себаљос.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медиумите во Шпанија денес потврдија дека најбаран фудбалер на Реал Мадрид бил Љоренте и дека дури 20 клубови се обиделе да го донесат младиот играч за врска на едногодишна позајмица.
Имало и такви кои биле спремни да го купат веднаш, како ПСЖ, Севиља и некои италијански клубови, но Зидан инсистирал да остане.
Љоренте потекнува од школата на Реал Мадрид и минатата сезона ја помина на позајмица во Алавес, каде одигра одлично и го привлече вниманието на многу клубови во Шпанија и Европа.