Дома Фудбал Останато Неверојатно: Жестока санкција и крај на сезоната за Вилаш-Боаш во Кина

Неверојатно: Жестока санкција и крај на сезоната за Вилаш-Боаш во Кина

Португалскиот стратег, Андре Виљаш-Боаш моментално работи во Кина како тренер на тамошниот прволигаш Шангај СИПГ.

Неговиот тим моментално се наоѓа на втората позиција на табелата со четири бода помалку во однос на лидерот.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Виљаш-Боаш крајот на последниот меч не го дочека на тренерската клупа, туку на трибините, а причината е неговата гестикулацијата кон судијата. Имено, Виљаш-Боаш со гестикулација сакаше да каже дека судијата е поткупен, а потоа Кинескиот сојуз жестоко го казни.

Португалецот е суспендиран на дури осум натпревари, а ќе мора да плати казна во износ од 5000 евра. Тоа значи дека Виљаш-Боаш оваа сезона веќе нема да ја предводи екипата бидејќи до крајот на шампионатот останаа уште само четири кола.

За потсетување, ова не е првпат Виљаш-Боаш да добие санкција поради слични работи, бидејќи пред неколку месеци исто така е казнет поради одбрана на својот фудбалер Оскар при дуел во кој тој неспортски реагираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хаос во Црна Гора: Хулигани нападнале хрватски навивачи, им го искршиле комбето! (Фото)

Хрватски навивачи кои синоќа беа на пат кон Црна Гора, каде што нивната фудбалска репрезен…