Откако на стартот од колото во Лигата на шампионите, Миле Свилар собори рекорд со титулата најмлад голман со само 18 години, нему вечерва му се придружија и Јуп Кејнкес како и Килијан Мбапе.
Имено, Килијан Мбапе во рамки на Лигата на шампионите е најмладиот фудбалер со фантастичен учинок од осум погодоци, вклучувајќи го и оној од вечерва.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај нив и предводникот на „Баварците“, Јуп Хејнкес е носител на нов рекорд, со оглед на тоа дека е најстариот тренер во Лигата на шампионите. Тој за потсетување има 72 години.
Така што, освен одличните натпревари и многуте погодоци на вечерашните дуели, овие тројца фудбалски гиганти испишаа рекорди со своето име во најелитното европско натпреварување.