Дома Фудбал Англија Неверојатна понуда на адресата на „Топчиите“: Сити повторно ќе остане со празни раце, Реал има адут во ракавот…

Неверојатна понуда на адресата на „Топчиите“: Сити повторно ќе остане со празни раце, Реал има адут во ракавот…

Чилеанскиот репрезентативец, Алексис Санчез се уште не го продолжи договорот со Арсенал и како што стојат работите, тој веќе во јануари би можел да ја промени средината.

Јасно е дека Алексис нема желба да го продолжи договорот со „Топчиите“, а Арсенал ќе биде принуден да го пушти веќе во јануари за да заработи на него, или Чиеанецот во спротивно на крајот на сезоната ќе замине како слободен играч.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во последно време англиските медиуми најмногу шпекулираат дека Алексис кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Сити бидејќи повторно сака да соработува со Пеп Гвардиола. Меѓутоа, во битката за некогашниот играч на Барселона се вклучи и Реал Мадрид.

Како што се наведува, кралскиот клуб е подготвен во јануари да го донесе Санчез на „Сантијаго Бернабеу“, а заедно со договорената сума на „Емирати“ да го испрати и Лукас Васкез.

Оваа понуда би можела да биде привлечна за „Топчиите“ со оглед на тоа дека заедно со пари би добиле и одлична замена за Чилеанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед доаѓа од Серија А!

Како што пренесуваат италијанските и британските медиуми, Рубен Аморим ќе го напушти корми…