Дома Топ вести Неверојатна грешка: Како Барса одбила да го ангажира Халанд

Неверојатна грешка: Како Барса одбила да го ангажира Халанд

Раководството на Барселона минатиот јануари бараше напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Луис Суарез во одредени натпревари.

На каталонскиот гигант им биле понудени голем број на напаѓачи, особено млади и перспективни, но тие на крајот се одлучија да го доведат Кевин Принц – Боатенг.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сега шпанските медиуми откриваат дека на Барселона и бил понуден и Ерлинг Халанд, тогаш 18-годишен анонимен напаѓач.

Боатенг на Камп Ноу не покажа апсолутно ништо, а Халанд стана вистинска сензација во Салцбург и оваа сезона постигна 28 гола на 22 меча, па направи трансфер во Борусија Дортмунд.

Така Барселона пропуштија голема шанса во тимот да го донесе норвешкиот „вундеркинд“, но се поставува прашањето дали Халанд ќе „експлодираше“ во дресот на Каталонците како што тоа го направи во Салцбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…