Торонто Рапторс се пласираа во финалето на источната конференција.
Единствениот канадски тим ја победи Филаделфија со резултат 92:90 и оствари пласман во финалето на Истокот.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Првото полувреме во поголемиот дел донесе подобра игра на Рапторси. Водеа констатно, но и Филаделфија неколку пати успеваше да поведе.
На полувреме се замина со резултат 44:40 во корист на Рапторс.
Во второто полувреме домаќинот од плус девет успеа да отиде на минутс седум бидејќи Филаделфија направија серија од 16:0 за 50:57. Сепак, до крајот на третата четвртина Рапторси повторно го превземаа водството и имаа три поени предност 67:64.
Вистински спектакл беше виден во самиот финиш. Батлер на четири секунди до крајот погоди за 90:90, за потоа топката да ја добие Каваи Леонард.
Леонард успеа да погоди со збукот на сиреаната. Топката отскокнуваш по обрачот и на крајот влезе за големо славје и пласман на Торонто во финалето на источната конференција каде што ги чека Милвоки.
Леонард одигра одличен натпревар и уфрли 41 поен, додека во спротивниот табор најефикасен беше Џоел Ембид со 21 поен.
KAWHI CALLED SERIES! pic.twitter.com/V4AIuMULNO
— Toronto Raptors (@Raptors) May 13, 2019
https://www.youtube.com/watch?v=-5RWxUUJ7lQ