Eрлинг Халанд е асполутен хит во досегашниот дел од сезоната. Чудесниот 19 годишен Норвежанец постигна дури 39 гола за Салзбург и Борусија Дортмунд, а откако со два гола го сруши ПСЖ во Лигата на шампионите стана јасно дека Европа доби нов голгетер на највисоко ниво.
Претходно Халанд зборуваше дека идоли му се Златан Ибрахимовиќ и Кристиано Роналдо. Меѓутоа, тука има уште едно име кое изненади многумина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мој идол беше и Мичу. Сакав да го гледам во Свонси. Беше левак како и јас, висок и совршено прецизен пред голот“, изјави Халанд.
Мичу е напаѓач кој играше за Овиедо, Селта, Рајо Ваљекано, Свонси, Наполи и Лангрео, а кариерата ја заврши на само 31 година во родниот Овиедо. Најдобрата сезона ја одигра во 2012/13 кога постигна 22 гола во Премиер лигата.