
Фокусот на италијанската фудбалска јавност и понатаму е кон обложувачкиот скандал, а сега истиот сега се проширува откако е вмешано и името на тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.
Николо Фаџоли веќе доби суспензија од седум месеци, наскоро се очекува да биде соопштена и казната за Сандро Тонали кој исто така го призна делото. Казната за Тонали веројатно ќе биде повисока затоа што се обложувал на натпревари на кој самиот играл.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Меѓутоа, сега италијанските медиуми објавија дека Масимилијано Алегри се обложувал на натпревари во Серија Б. Исто така објавена е и снимка од Алегри од казино во Монте Карло.
„Алегри е еден од луѓето кои редовно се коцкаат. Во една прилика освои 30.000 евра и на една личност и даде 3.000 евра да уплати тикет за него на натпревари од Серија Б. Редовно игра на тие клубови затоа што има контакти во клубовите“, пишуваат медиумите.
Коцкањето во казино не е спорно за Италијанците и тоа фудбалерите и тренерите се слободни да го прават, но строго се забранува играње на фудбалски натпревари, без разлика дали учествуваат во нив или не.