Напаѓачот на Вест Хем, Енди Керол повторно е потешко повреден и ќе мора да замине на операција на стапалото.
Тој неодамна беше поврзуван со Челзи, како прва желба на Антонио Конте, да биде алтернатива за Алваро Мората.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, на мечот со ВБА доживеа нова повреда, а се појавија информации и дека ќе мора да паузира околу три месеци.
Тоа не е крај на лошите вести за Вест Хем, со оглед на тоа дека ќе мора да паузира и Мануел Ланцини. Поради повреда на задната ложа, тој ќе паузира околу 10 до 15 дена.
Вест Хем во следното коло од Премиер лигата го дочекува на домашен терен тимот на Кристал Палас, а потоа игра против Вотфорд и Брајтон.