Руската манекенка Викторија Одинтчова тврди дека му дала „корпа“ на Кристиано Роналдо.
На Викторија следбеници на Инстаграм не и недостасуваат, но малку медиумско внимание изгледа дека да. Сега таа одлучи јавно да зборува дека Кристиано Роналдо и пишал на Инстаграм, но дека таа го игнорирала.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Беше тоа одамна, но се сеќавам дека Роналдо ми напиша: Здраво како си? Ја избришав пораката и не му одговорив. Не му дадов шанса. Знам дека некои девојки такво нешто едвај би дочекале, но не ми падна на памет да му одговарам и да трчам по него“, изјави Викторија, па откри дека е во комуникација со Нејмар и Луис Хамилтон.
„Најпознатата личност од мојот именик е Луис Хамилтон. Последен пат ми се јави на 15. ноември да ми го честита роденденот. Пријатели сме и често си пишуваме и комуницираме. Повремено одам на неговите трки, последен пат беше во Сочи. Го запознав пред три години, тогаш едвај го разбрав бидејќи не знаев добро англиски“.
Преку Хамилтон го запознала и Нејмар.
„Нејмар е нормално момче, понекогаш се слушаме на Инстаграм. Луис нас не запозна“, тврди манекенката.