На ѕвездата на Јувентус, Миралем Пјаниќ му се допаѓа тоа што Барселона покажува сериозен интерес за неговиот потпис.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Босанскиот плејмејкер стегна „лајк“ на сликата на Инстаграм со која се поврзува со трансфер во Барселона, пренесоа шпанските и италијански медиуми.

Барселона покажува интерес за Пјаниќ после пропаднатиот трансфер на Гризман. Имено, плановите на Каталонците се да го играат Кутињо во нападот, а во Пјаниќ гледаат идеална замена за Андрес Иниеста.
Јувентус не сака да се откаже од услогите на Босанецот, но е силно заинтересиран за Сергеј Милинковиќ-Савиќ, па би можел да го „жртвува“ Пјаниќ доколку стигне примамлива понуда.