Звучи нелогично, но не е, намерите на Каталонците се јасни.
Според се, Антоан Гризман ова лето ќе го напушти Атлетико Мадрид и ќе го облече дресот на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што неодамна пренесуваа шпанските медиуми, Французинот се договорил со Барселона, а дури наводно се согласил и на нешто помала плата за да и излезе во пресрет на Барселона коај има проблем со финансиите пред се поради новиот договор на Меси.
Клазулата е позната, 100 милиони евра, но Барселона би платила и повеќе.
Имено, Каталонците би додале нешто повеќе, со цел да го убедат Атлетико трансферот да биде платен во две рати.
Ваквиот начин на плаќање би го растеретило буџетот на клубот од Каталонија после трансферите на Кутињо и Дембеле.
Иако Гризман бара неговата судбина да биде позната пред Мундијалот, можеби ќе постигне само вербален договор, но и тоа би го ослободило Французинот.
Имено, Барселона сака трансферот да биде завршен на 1 јули со цел да влезе во наредната, а не оваа година бидејќи тоа би значело опасност од ФФП.
Но, доколку Гризман потпише преддоговор и добие јасно ветување, изгледа дека околу овој услов нема да има проблеми.