Дома Останати Ракомет На повидок нов спектакл: „Сантијаго Бернабеу“ домаќин на финале на ракометно ЕП?!

На повидок нов спектакл: „Сантијаго Бернабеу“ домаќин на финале на ракометно ЕП?!

Со натпреварите Македонија – Франција и Германија – Швајцарија во првиот ден на овогодинешното Европско првенство беше поставен нов рекорд по гледачи во еден ракометен натпревар (53.586), а сега Шпанците најавуваат дека имаат план да го срушат овој рекорд.

Имено, првиот човек на ЕХФ, Михаел Видерер изјави дека водел разговори со Шпанската Ракометна федерација, финалето на Европското првенствово 2028 година да се игра на славниот стадион на Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во кандидатурата за домаќин на овој турнир, Шпанците ја додале оваа идеја и во наредниот период би требало да извршат притисок за се да се реализира.

„Разговараме со Шпанците за финален викенд во Мадрид 2028 година и тоа на „Сантијаго Бернабеу“. Искрено до пред некое време стравував од идејата за финале на стадион бидејќи секогаш постои ризик нешто да не е во ред. Но, верувам дека ако постои добра организациска подготвеност тоа е сосема реално. Знаеме дека 2028 година е далеку, па има време да ги разгледаме сите аспекти“, изјави Видерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…