Реал Мадрид изгледа ја победи Барселона, на повдиок е уште еден голем трансфер.
Секогаш добро упатениот шпански весник „АС“ потврди дека Дани Себаљос на крајот избрал кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид, а целиот трансфер би можел да биде официјализран во понеделник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Флорентино Перез ја подигна понудата помеѓу 17 и 20 милиони евра, иако неговата клазула изнесува 15 милиони евра. Барселона и понатаму не е премногу активна на трансфер пазарот и уште еднаш не успеаа да парираат на понудата на Реал кој доби уште една битка на пазарот, после онаа за Тео Ернандез.
Овој трансфер е потврда дека Реал на чело со Зидан работи смислено и плански. Нема повеќе скапи „галактикоси“, тимот е поважен како и комбинацијата помеѓу младоста и искуството.
Себаљос е доведен како идна замена за Лука Модриќ, а не е исклучена можност да биде вратен на едногодишна позајмица во Бетис. Шпанецот на последното европското првенство за млади во Полска беше прогласен за играч на турнирот.