Дома Трансфер зона На Островот тврдат: Де Брујн го напушта Сити, познат и новиот клуб

На Островот тврдат: Де Брујн го напушта Сити, познат и новиот клуб

На само неколку дена пред почетокот на финалето од ФА Купот во кое Сити ќе игра за нов трофеј, Кевин Де Брујн прифатил да се пресели во САД, барем така тврдат медиумите на Островот.

Медиумите во Велика Британија пренесуваат дека Де Брујн ги договорил личните услови со тимот на Сан Диего. Станува збор за тим кој ќе влезе во МЛС лигата во 2025 година, а токму Белгиецот треба да биде главната ѕвезда.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ако Де Брујн замине ќе биде тоа да го напушти Сити по цели девет години. Заинтересирани за него претходно беа и клубови од Саудиска Арабија, но Де Брујн очигледно повеќе го сака животот во Калифорнија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…