Дома Трансфер зона На Островот се тврди: Се разделуваат Де Геа и Јунајтед!

На Островот се тврди: Се разделуваат Де Геа и Јунајтед!

Aнглиските медиуми од утрово на големо пренесуваат дека Давид Де Геа по крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Договорот на Де Геа со Јунајтед е до јуни 2023 година, а раководството на клубот одлучиле да не му понудат нова соработка.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Со заминувањето на Кристијано Роналдо Де Геа стана најплатениот фудбалер на Манчестер Јунајтед со плата од 22 милиони евра годишно.

Во редовите на Манчестер Јунајтед Де Геа пристигна во 2011 година за сума од 25 милиони евра од Атлетико Мадрид. Во изминатите години блескаше на голот, меѓутоа неговата форма во последниот период е во пад, па од клубот одлучиле да не му понудат нова соработка.

Информациите од Островот се дека 25-годишниот Хендерсон кој е на позајмица во Нотингем Форест би требало да го наследи Де Геа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…