Дома Фудбал Англија На Островот веќе се најавува кој може да го замени Конте ако си замине

На Островот веќе се најавува кој може да го замени Конте ако си замине

После интервјуто дадено за италијански „Скај“ во кое Конте на некој начин го критикуваше раководството на Тотенхем започнаа и шпекулации дека Италијанецот може да си замине.

Неколку дена по тоа интервју Конте истакна дека настанало недоразбирање и дека неговите зборови не биле преведени на вистински начин. Сепак за многумина тоа е само обид на Италијанецот да се оправда за нешто што го кажал непромислено.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Медиумите на Островот веќе најавуваат и кој би можел да биде негова замена. Според последните информации ако Конте замине една од опциите може да биде враќање на Покетино.

Аргентинецот веројатно ќе го напушти ПСЖ на крајот од сезоната, за многумина тука нема дилеми без оглед на тоа како ќе заврши сезоната.

Покетино од англиските клубови се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед меѓутоа Тотенхем за него би можела да биде позната дестинација каде што работеше со голем успех. Во игра за клупата на Јунајтед е и Ерик Тен Хаг па така тој не е единствената опција.

Инаку, Конте во Тотенхем има договор до 2023 година, но тој веќе покажа во неговата кариера дека не му е проблем да си замине во било кој момент доколку не се согласува со она што го мислат сопствениците, така беше во Јувентус, така беше и во Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…