Дома Фудбал Англија На Олд Трафорд имале добра причина да го раскинат договорот со Ибрахимовиќ

На Олд Трафорд имале добра причина да го раскинат договорот со Ибрахимовиќ

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ на најдобар начин дебитираше за својот нов клуб ЛА Галакси со двата гола во градското дерби против Лос Анџелес.

Ибрахимовиќ минатата недела потпиша за ЛА Галакси откако одлучи да го раскине договорот со Манчестер Јунајтед и кариерата да ја продолжи во САД. После одличното деби многу навивачи на Јунајтед порачаа дека им е жал што Ибра го напуштил клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, според пишувањата на англиските медиуми, челниците на Црвените ѓаволи имале јасен план поради кој толку лесно прифатија да го пуштат Ибрахимовиќ. Според Тhe Sun, со заминувањето на Ибра клубот од Олд Трафорд сега на располагање ќе имаат повеќе пари и можат да се насочат кон другите приоритети, односно да го задржат Давид Де Геа во клубот.

Се шпекулира дека Давид Де Геа на крајот од сезоната би можел да го напушти Јунајтед, а најголем интерес за него покажуваат Реал Мадрид и ПСЖ.  Сепак, во Јунајтед се свесни дека сега мора да понудат многу подобар договор на шпанскиот голман, а на располаѓање имаат дополнително неколку милиони после заминувањето на Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…