Дома Фудбал Останато На овој стадион ќе се играат натпревари од Европското првенство 2028

На овој стадион ќе се играат натпревари од Европското првенство 2028

Европското првенство во 2028 година како што стојат работите ќе се игра во Велика Британија и Ирска, а веќе се познати и стадионите на кои ќе се играат натпреварите.

Единствени противкандидати за на Велика Британија и Ирска беа Турција и Италија, но Турците се фокусираа на добивање на домаќинството за Европскот првенство четири години подоцна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од стадионите на кој ќе се игра Европското првенство во 2028 е стадионот „Кејсмент Парк“ кој во овој момент изгледа како руина. На овој стадион некогаш се играше ирски фудбал, но тој е напуштен десетина година.

На местото овој стадион кој сега обраснат со трева ќе се гради нов стадион кој би требало да има капацитет од околу 34.000 гледачи.

Еве како сега изгледа стадионот…

СТАДИОНИТЕ КАДЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИГРА ЕП 2028:

„Вембли“ – Лондон, Англија
„Принсипалити“ – Кардиф, Велс
„Хампден Парк“ – Глазгов, Шкотска
„Тотенхем Хотспар“ – Лондон, Англија
„Итихад“ – Манчестер, Англија
„Евертон“ – Ливерпул, Англија
„Сент Џејмс Парк“ – Њукасл, Англија
„Вила Парк“ – Бирмингем, Англија
„Авива“ – Даблин, Ирска
„Кејсмент Парк“ – Белфаст, Северна Ирска

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…