Дома Фудбал Англија На Мурињо повеќе не му е битна титулата, но сигурно ќе полуди доколку Гвардиола му го направи ова

На Мурињо повеќе не му е битна титулата, но сигурно ќе полуди доколку Гвардиола му го направи ова

Манчестер Јунајтед вчера загуби бодови во Њукасл, Рафаел Бенитез славеше со резултат 1:0, а Жозе Мурињо го приближи лутиот ривал Гвардиола до титулата.

На Сити сега им се потребни уште шест победи до крајот за и математички да ја освои титулата, а тоа може да се случи на 7. април и тоа во големото дерби на Манчестер. До крај на првенството има уште 11 кола, Сити има 16 бода повеќе, доколку победи на следните шест натпревари, ќе стане најбрзиот шампион во поновата историја во Премиер лигата.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сити нема лесен распоред, следуваат две врзани дербиња, со Арсенал на „Емирати“ и со Челзи на „Етихад“, но и Јунајтед во следното коло ги дочекува „Сините“, а две кола подоцна и Ливерпул. Доколку Сити ги задрижи 16 бода предност во однос на Јунајтед, во меѓусебниот натпревар за помалку од месец дена би можело да ја потврдат титулата, а тоа би било сценарио кое Мурињо би до довело до лудило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се подготвува контроверзен трансфер: Младата ѕвезда на Реал доаѓа во Барселона?

Според наводите на реномираниот бразилски портал UOL Esporte, Барселона не планира да заст…