Дома Фудбал Италија На Милан не му помага ниту Ибра, Роналдо блесна со хет-трик (видео)

На Милан не му помага ниту Ибра, Роналдо блесна со хет-трик (видео)

Јувентус и Аталанта попладнево запишаа високи победи во склоп на 18-то коло од Серија А, додека Милан покажа уште едно бледо издание и ремизираше со Сампдорија.

Милан и во новата година влезе со стар изглед и одигра уште една лоша партија. Преполниот „Сан Сиро“ дојде да го види Ибра, но не виде нуту еден гол.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Росонерите“ спорадично се закануваа во првото полувреме, но не успеаа да создадат поголема шанса за гол. Во вториот дел во игра влезе Ибра и веднаш позитивно го разигра тимот, но не успеа да му помогне да стигне до победа.

Најзрелата шанса на мечот ја имаше Леао, кој излезе сам пред противничкиот голман, се обиде да го лобова и го префрли голот.

Јувентус пак запиша рутинска победа над Каљари. „Бјанконерите“ не успеаа да постигнат гол во првиот дел, но затоа гледавме шоу на Роналдо во второто полувреме. Португалецот постигна хет-трик, а четвртиот гол го постигна Игуаин.

Аталанта запиша уште една висока победа и втор пат по ред на домашен терен со пет гола го испрати противникот дома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…