Дома Фудбал Англија На кого Челзи фрла милиони? Играчот кој го продадоа за 29 милиони го понижи тандемот од 237 милиони евра!

На кого Челзи фрла милиони? Играчот кој го продадоа за 29 милиони го понижи тандемот од 237 милиони евра!

Во рамките од првото коло во Премиер лигата вчера се играше дербито помеѓу Манчестер Сити и Челзи кое на крајот заврши со победа на „граѓаните“ од 2:0. Тимот на Гвардиола преку Ерлинг Халанд и Матео Ковачиќ постигна по еден гол во двете полувремиња што беше доволно за победа.

Хрватскиот фудбалер беше стрелец на вториот гол во 84. минута, а во таа ситуација привлече посебно внимание поради потезите кои ги имаше против Моисес Каиседо и Енцо Фернандез.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Ковачиќ помина покрај двајцата фудбалери за кои Челзи плати вкупно 237 милиони евра, 116 за Каиседо и 121 за Енцо.

Од друга страна го пуштија Ковачиќ да замине во Манчестер Сити за 29 милиони евра. Ваквата ситуација не помина незабележано од фановите на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бруно до Гарначо: Навистина си глупав📷

Манчестер Јунајтед го победи Саутемптон на гости со головите на Де Лихт, Рашфорд и Гарначо…