Италијанските медиуми пренесуваат дека Стефан Ел Шарави (27) би можел да се врати во Серија А.
Ел Шарави минатото лето ја напушти Рома и се пресели во Кина во тимот на Шангај Гренландс со кој потпиша договор до 2022 година, но во Кина изгледа нема да се задржи долго.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Медиумите на Апенините, поточно „Газета дело Спорт“ пишува дека Ел Шарави после само една година би можел да се врати во Рома, дури и по цена да му се намалат примањата.
„Денес Ел Шарави заработува 14 милиони евра по сезона, но спремен е на големо намалување на платата за да се врати во Рома“, пишува споменатиот медиум.
Крилниот фудбалер претходно во четири сезона во дресот на Рома одигра 139 натпревари, постигна 40 голови и запиша 25 асистенции. Во Италија настапуваше уште за Падова, Џенова и Милан.