Дома Топ вести На Барса ова најмалку и треба: Шпанците открија разговор помеѓу Меси и Пике!?

На Барса ова најмалку и треба: Шпанците открија разговор помеѓу Меси и Пике!?

pique

Шпанските медиуми пишуваат за наводна расправија која во никој случај не би била добра за Барселона во месецот во кој има пеколен распоред.

Приказната ја лансираше новинарот на Едуардо, на познатата шпанска програма „Ел Чирингито“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тој тврди дека во Барселона дошло до расправија и дека Пике во желба да го охрабри го налутил Меси.

Наводно Пике му се обратил на Аргентинецот и му кажал:

„Ти си најдобриот играч во светот и тоа е посебна одговорност, мораше да бидеш лидер на тимот кога работите не одат во добра насока“, наводно биле зборовите на Пике.

Таквата изјава го налутила Меси кој остро му возвратил дека Пике е последниот кој треба нешто да зборува.

„Нашиот проблем си ти и одбраната која ја предводиш, погледни колку голови примивме оваа сезона“, го обвинил Меси Пике кој навистина на стартот на оваа сезона не игра во најдобра форма.

Меси и Пике се блиски уште од „Ла Масија“, пред Пике да замине во Манчестер Јунајтед, но не се најдобри пријатели, Меси се дружи со Суарез и јужноамериканците, додека Пике беше насочен кон шпанскиот „клан“ пред Иниеста и Чави кој сега е минато.

Како и да вистина е дека Барселона без Меси не изгледа така моќно, а точно е и дека одбраната прими само еден гол помалку отколку во целиот прв дел од минатата сезона, што јасно покажува каде е проблемот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Полиција го изнесуваше Гачевски од теренот во Тетово 🎥

Teнзично беше денес во натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар во Тетово кој домаќините го до…