Дома Фудбал Останато Најплатени спортисти: Мекгрегор пред Меси и Роналдо

Најплатени спортисти: Мекгрегор пред Меси и Роналдо

Ирскиот ММА борец, Конор Мекгрегор е најплатен спортист во светот во последните 12 месеци, објави еминентниот Форбс.

Мекгрегор во изминатата година вкупно заработил 180 милиони долари. Дури 158 милиони ги заработил надвор од спортот и така стана само третиот спортист после Федерер и Тајгер Вудс кој успеал во тоа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Повеќе од 100 милиони долари заработиле уште двајца фудбалери, Лионел Меси и Кристиано Роналдо, како и Дак Прескот од НФЛ лигата.

Меси вкупно заработил 130 милиони долари, Роналдо 120, а Прескот 107,5 милиони. Следуваат Леброн Џејмс со 96,5 милиони, Нејмар (95), Федерер (90), Луис Хамилтон (82), Том Брејди (76) и Кевин Дурент (75).

Очигледно дека пандемијата со коронавирусот не влијаела на најбогатите спортисти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парите не се најважни: Јувентус одби 70 милиони евра за еден од најдобрите играчи

Челси имаше амбиција да го привлече Јилдиз, но удри на ѕид во Торино. Клубот од Лондон беш…