На сите им е добро познато дека Златан Ибрахимовиќ не е само неверојатен фудбалер, тој е ѕвезда во секоја смисла на зборот.
Едно е јасно Светското првенство со Златан на него би имало дополнителен сјај. Неодамна популарниот Ибра не израдува со изјава која наведува на тоа да помислуваме дека и навистина можеме да го гледаме во Русија идното лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секој ден ме повикуваат од Шведска и ме прашуваат како се чуствувам, што сакам и на што размислувам. Сепак, одам чекор по чекор, а ако добро се чуствувам и ако сум во состојба да го работам она што го сакам, вратата секогаш ќе ми биде отворена“.
„Таа одлука не зависи од никој друг, освен од мене. Ако сакам да играм, ќе бидам дел од Светското првенство. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, изјави во свој стил новиот член на Л.А Галакси.
Дека навистина Ибрахимовиќ може да го направи она што посакува, потврдуваат и зборовите на неговиот агент Мино Раиола. Имено, тој откри дека напаѓачот после играчката кариера би можел да вреди многу повеќе отколку денес, благодарение на неговата интелигенција.
Раиола работи со голем број фудбалери, а помеѓу нив се: Марио Балотели, Пол Погба, Ромелу Лукаку…Според зборовите на контроверзниот менаџер Ибра е најпаметниот.
„Златан е најпамтен и најбогат. Тој во себе има се што е потребно да биде милијардер. Неговата интелегенција е неверојатна. Активен е на пазарот, вложува во игра, технолошки пронајдици и дијаманти. Веќе продаде некои големи акции за кои никој не знае. Заработува многу повеќе надвор од фудбалот отколку на теренот“, откри контроверзниот Мино Раиола.